Актуелно 23.07.2020 11:06

Македонија останува на „црната корона листа“ на Швајцарија

Македонија останува на „црната корона листа“ на Швајцарија

Границите на Швајцарија и понатаму остануваат затворени за земјите од Западен Балкан, освен Албанија. Македонија, Косово и Србија остануваат на „црниот список“ за слободно движење кон Швајцарија и обратно, а швајцарската Влада денеска го ажурираше списокот со додавање на Црна Гора и Босна и Херцеговина меѓу 45-те земји во светот како опасни за патувања поради пандемијата.

Ова значи дека нашите иселеници што живеат во Швајцарија ќе имаат условно враќање во татковината за време на летните одмори. Но, оние што сакаат да дојдат, според швајцарските здравствени власти, дефинитивно мораат да одат во домашна изолација 14 дена по нивното враќање во Швајцарија.

Во понеделникот, ЕУ ги разгледа и одлуките на условното движење за други земји, меѓу кои, покрај Србија, останатите земји од Западен Балкан остануваат на списокот.

„Врз основа на епидемиолошките податоци од СЗО, ЕУ препорачува рестриктивни мерки на секои две недели“, објави Европската комисија.

Нашите иселеници од Европа треба да чекаат до 2 август во случај земјите-членки на ЕУ да ги олабават мерките за слободно движење. Во моментов, нивното патување до овие дестинации е условено од негативен PCR-тест и двонеделен карантин по враќањето во нивните матични земји.