Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, соопшти прес-службата на Владата на Република Македонија.
„Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.
Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.
Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.
Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија“, се наведува во соопштението.
Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме. Државата е на патот на промените, потенцираат од Владата.