Мозаик 22.01.2021 16:07

Македонија со двајца нови ракометари против Русија

Македонија со двајца нови ракометари против Русија

Денес македонската ракометна репрезентација има нов силен предизвик на Мундијалот во Египет.

Од 15:30 часот, треба да настапиме против силната репрезентација на Русија, која е фаворит на оваа средба според сите обложувалници во светот.

Селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац, за оваа средба во составот вметнао две нови имиња на бековските позиции, Георгиевски и Младеновиќ.

Дарко Георгиевски и Михајло Младеновиќ се дел од составот за денешната пресметка против Русија. Од оваа средба ќе недостасуваат бековите Танкоски и Мартин Велковски.