Актуелно 09.01.2019 18:14

Македонија за прв пат ќе има пратеник Египќанец

Македонија за прв пат ќе има пратеник Египќанец

Македонското Собрание за прв пат во својата историја ќе има пратеник – етнички Египќанец, откако Д-р Рубин Земон како следен на листата ќе го превземе пратеничкото место на Томислав Тунтев, кој во меѓувреме ќе си поднесе оставка за да биде директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Земон е претставник на добропозната египетска малцинска заедница од Струга и Охрид, а веќе пристигнуваат лчеститки на неговиот Фејсбук-профил. Тој е универзитетски професор по етнологија и претседател на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН, инаку владин коалиционен партнер.

Докторот на науки до сега во Владата ја извршуваше функцијата на специјален советник на премиерот Зоран Заев за мултикултурно општество, интеркултурализам и интер-културни комуникации. Во моментов живее во Скопје, а инаку е од Струга.

– Драгоцен беше придонесот наТомислав Тунтев во Собранието и воспоставувањето на новите политички додадени вредности во нашата политичка сцена. Сигурен сум дека и новата функција ќе ја врши со највисок можен професионализам. Неговата длабока компетенција за тоа место е неспорна. Со среќа Томе, во новата должност, напиша вчера Земон на својот профил на Фејсбук.

Тој смета дека освен што вели дека е првиот Египќанец пратеник, смета дека е и првиот народен избраник – етнолог по професија.

– За прв пат конечно етнолог да биде пратеник во Собранието за овие 28 години. Ќе се обидам етнологијата и антропологијата да го добие заслуженото место во нашиот јавен живот – напиша Земон на еден од коментарите.