Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.06.-30.06.2019 година вкупниот промет изнесувал 373.976.142 денари.
Класичното тргување изнесува 331.690.362 денари и е намалено во однос на мај за 23,00 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 192.424.691 денари и обврзници во вредност од 139.265.671 денари.
Блок трансакциите во јуни изнесувале 42.285.780 денари и се намалени за 57,48 отсто во однос на мај.
Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.262.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни беа на Алкалоид АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје, и Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.
Месечниот статистички билтен за јуни 2019 година можете да го погледнете тука.