Актуелно 08.07.2019 14:40

Македонска берза го објави билтенот за јуни 2019

Македонска берза го објави билтенот за јуни 2019

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.06.-30.06.2019 година вкупниот промет изнесувал 373.976.142 денари. 

Класичното тргување изнесува 331.690.362 денари и е намалено во однос на мај за 23,00 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 192.424.691 денари и обврзници во вредност од 139.265.671 денари.

Блок трансакциите во јуни изнесувале 42.285.780  денари и се намалени за 57,48 отсто во однос на мај.

Бројот на трансакции во јуни изнесувал 1.262.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јуни беа на Алкалоид АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје, и Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за јуни 2019 година можете да го погледнете тука.