Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани дрон, автоделови, водомери, редуцири, прехранбени производи, алат, девизи, парфеми, тоалетни води и фалсификати.
Девизи
– 4.500 швајцарски франци, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјанин кој, како пешак, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинските службеници, патникот изјавил дека со себе носи 2.000 евра, но во неговиот паричник и во џеб од неговите панталони покрај пријавените пари, биле пронајдени и 4.500 швајцарски франци за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Дрон и автоделови
– дрон марка PHANTOM 4, 4 дискови за кочници за товарни возила и 4 ролни со фолија за дигитално печатење, откриени при контрола на македонски автобус,, управуван од македонски државјанин и пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот дрон бил пронајден во кутија, сместена во багажниот простор на автобусот, за која возачот изјавил дека не знаел што содржи, додека дисковите за кочници и фолиите биле пронајдени во внатрешноста на 4 употребувани гуми, исто така сместени во просторот за багаж. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 17 резервни делови за товарни возила (плочки за кочници, инектори и дизни), откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените автоделови, пронајдени во просторот за резервно тркало, помеѓу седиштатата и во преградата на возачката врата, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Водомери, рачен алат и прехранбени продукти
– 21 водомер марка Turkoglu wather maters, 36 парчиња редуцири за водоводна инсталација и 100 килограми (20 канти од по 5 килограми) пиперки во павлака, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српско патничко комбе, управувано од косовски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Блаце. На прашање на царинските службеници, патниците и возачот изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, но при извршениот преглед на возилото, во куфер сместен во багажникот, под предните седишта и зад последните седишта, биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани, а против еден од патниците, косовски државјанин кој се пријавил како сопственик, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– 93 парчиња рачен алат (клучеви, клешти, радапцигер, фиксери за регулирање на палење и друго), 800 пластични стеги, 6 спрејови со лак боја од 400 ml, 5 лед ламби, 2 хидраулични дигалки, 4 федери за комбе и 1 сајла за влечење, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените производи, пронајдени во просторот за нозете на патниците, под торби со нивен личен багаж и во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесена прекршочна пријава.
Парфеми и тоалетни води
– 25 парфеми, од 100 ml, 90 ml, 80 ml и 45 ml, од марките Versace, Burberry, Carolina Herera, Tom Ford и други, и 11 тоалетни води, од 125 ml, 100 ml и 45 ml, од марките Jean Paul Gaultier, Hugo Boss, Dior, Emporio Armani и други, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени под задните седишта и во просторот под воланот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 1.992 пара спортски обувки со лого на заштитена трговска марка, откриени при контрола на македонски камион, натоварен со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде започната постапка за докажување на нивната оригиналност