Мозаик 13.02.2021 13:22

Македонската ракометна репрезентација доби нов селектор!

Македонската ракометна репрезентација доби нов селектор!

Како што најави 24Ракомет пред две недели, Кире Лазаров ќе биде новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.

Тоа го потврди претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

„На вчерашната седница на Управниот Одбор беше донесена одлуката да го избереме за селектор најголемиот човек во нашиот ракомет, кој има најголем придонес за нашиот ракомет – Кире Лазаров“, соопшти Мукаетов.

Се уште не е познато кои стручњаци ќе бидат во стручниот штаб на Лазаров, но тој најави дека тоа ќе го објави следната недела. Легендарниот десен бек исто така најави ќе биде активен играч и следната сезона, но и тоа ќе биде дополнително потврдено.