Актуелно 07.12.2019 13:17

Македонски автобус се преврте во Србија, има повредени

Македонски автобус се преврте во Србија, има повредени

Македонски автобус се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат АЛСАТМ.

Како што се дознава, крајната дестинација на патниците бил Копаоник. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a неколкумина поминале со полесни повреди.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е распределба на повредените.