Мозаик 17.09.2018 19:23

Македонски телеком, 5-Г технологија од 2020 година

Македонски телеком, 5-Г технологија од 2020 година

Македонски телеком на почетокот на 2020 година ќе ги овозможи првите 5-ЏИ комерцијални услуги на пазарот во Македонија. Главниот извршен директор на Македонски телеком, Никола Љушев на денешната презентација за можностите кои ги нуди оваа технологија истакна дека Македонски телеком е подготвен и стратешки се позиционира во однос на 5-џи технологијата во Македонија.

5-Г како интегрален дел на четвртата индустриска револуција ќе ги подобри деловните процеси, ќе биде основа на воведување на нови иновативни услуги кои досега не сме ги виделе, ултра-доверливи комуникации во делот на е-медицина, дијагностика и операција на далечина“, рече Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски телеком.

Освен тоа, оваа технологија ќе овозможи високо ниво на комуникација во фабриките, роботи кои треба да функционираат во реално време. За прв пат во Македонија, Македонски Телеком го презентираше и првиот 5-џи тест каде ги покажаа брзините коишто се постигнуваат со оваа нова технологија кои достигнуваат брзина и до 3 гигабита во секунда. Првите 5-џи телефони во земјава се очекуваат во втората половина на следнава година. Според истражувањата, до 2020 година се очекува 20 отсто од мобилните телефони низ светот да работат со оваа техологија.