Актуелно,Мозаик 30.07.2018 14:36

Македонски железници итно купува струја од бугарска компанија

Македонски железници итно купува струја од бугарска компанија

М.Ж. Транспорт“ АД-Скопје поради итни потреби во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас склучи договоро за набавка на електрична енергија со „Енергетска финансиска група“ АД Софија – Подружница Скопје.за 25.000.000 денари.

Како оправданост за изборот на постапката со преговарање без претходно објавување се наведени причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст.