Живот 19.02.2021 14:20

Македонскиот пејач проговори за тажната судбина: Имав само 11 години, кога…

Македонскиот пејач проговори за тажната судбина: Имав само 11 години, кога…

Во знакот на спомените, 20 години од загинувањето на родителите во сообраќајна несреќа, пејачот ја пее песната „Молитва”, многу емотивна песна која ја посветува токму на своите вечно сакани мајка и татко

Тоа што ретко кој го знае за минатото на пејачот Душко Георгиевски, поупатените велат подобро и да не го знае. Бидејќи тој во детството останал и без мајка и без татко.

– Се се случи наеднаш во еден миг во една тешка сообраќајна несреќа кога јас имав само 11 години, останувајќи сам на осовј свет со сестра ми.Потоа грижата за нас двајцата ја презеле моите роднини, вели Дуле за Вечер Прес кој освен што е пејач, тој е и адвокат.

Да стане адвокат е желбата на неговиот татко кој бил правник. Во знакот на спомените, 20 години од загинувањето на родителите, пејачот (на фестивалот „Цветници“) ја пее песната „Молитва” многу емотивна песна која ја посвети токму на своите вечно сакани мајка и татко.

-И денес после толку години се прашувам, дали тоа била судбина, да не појдеме на пат со нив јас и сестра ми? Веројатно, да! Нас двајцата не оставиле дома кај роднините, а тие отпатувале и никогаш веќе не се вратиле. Колку е тоа болно да знаете.