Актуелно 04.06.2024 12:51

Мал раст на БДП во првиот квартал од 2024 година

Мал раст на БДП во првиот квартал од 2024 година

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година е 1.2%.

Во првото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите: Њ, О и П -Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%, К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5% и Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0.5%. Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства ( во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.