Актуелно 18.06.2019 14:49

Мала е веројатноста денес да добиеме датум за преговори

Мала е веројатноста денес да добиеме датум за преговори

Mинистрите од 28-те земји членки ќе се состанат  денеска за да разговараат за почетокот на формалните преговори за членство на Македонја и на Албанија.

Како што стојат работите, мала е веројатноста да се донесе одлука за почеток на преговорите за двете земји.

Имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите членки и не е сигурно дека сите министри ќе можат да се договорат, изјави дипломат од ЕУ.

Албанските власти веќе негодуваат што Македонија сака да се издови и ЕУ самостојно да ја оценува дали треба да почне преговори со унијата. Премиерот Заев по посетата на Германија изјави оти е убеден дека до крајот на годината Македонија ќе ги почне преговорите за членство.