Актуелно 26.11.2018 19:30

Манчев: Со овој закон за здравствена заштита нема ниту една суштинска промена

Манчев: Со овој закон за здравствена заштита нема ниту една суштинска промена

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев на денешната седница во собранието по повод законот за задравствена заштита посочи дека тој е шминка која не може да ја маскира катастрофалната работа во здравството.

Тој притоа кажа дека за овој закон е зборено уше пред точно една година и е ветено дека ма подобар закон но сега се видело дека ова се со цел да се задоволат политичките проблеми што ги има сега во коалицијата.

– “Со овој закон за здравствена заштита нема ниту една суштинска промена. За цела 2019-та година покачувањето на специјалистите ќе биде само 10%. Тоа на сегашната плата би било околу 3-4 илјади денари повеќе. А каде е до 100 илјади денари. За во наредниот буџет ќе треба да ја покачите платата на специјалисте за повеќе од 150 % за да дојдете до ветувањата“ посочи Манчев Манчев кажа дека наместо да се зголемите буџетот и притоа да се насочат кон реалните потреби на пациентите ветувањата кои биле дадени никако не се исполнуваат. Притоа го посочи укинувањето на економските директори кое било ветено од страна на министерот и коалицијата на власт.

Според Манчев има проблеми за кои многу луѓе се засегнати но притоа ниту едно право и ниту една категорија од здравствените работници не е влезено во новиот закон за здравствена заштита и затоа разочарувањето кај нив е огромно.