Актуелно 14.01.2019 16:12

Манипулира ли Филипче со изградбата на Клинички центар?

Манипулира ли Филипче со изградбата на Клинички центар?

Министерот за здравство, Венко Филипче денес на социјалните медиуми објави дека оваа година започнуваат со изградба на Клинички центар во Скопје.

На граѓаните треба да им се даде одговор како оваа година ќе се започне со изградба, кога се уште локацијата на самиот Клинички не е позната.

Минатата година се шпекулираше за три можни локации: Злокуќани, Бардовци и Петровец. И се уште локацијата остана енигма.

За да се започне изградбата потребно е локација, решени имотно правни односи, елаборат, проект и изведувач. Јавноста, како што е запознаена од самиот министер, нема ништо од тоа за да започне со изградба на Клиничкиот. За да се изработи елаборат и проект минимум потребни се една ипол година.

Сепак од тука се поставува прашањето: Дали министерот манипулира со јавноста во врска со Клиничкиот центар?

Филипче, ако е вистина дека ќе започне со градба оваа година на Клинички, треба да ги образложи сите податоци на граѓаните бидејќи се должни да знаат.