Актуелно 13.06.2024 11:57

МАПАС: Изјава од лицата со бенифициран стаж за членство во задолжителниот пензиски фонд

МАПАС: Изјава од лицата со бенифициран стаж за членство во задолжителниот пензиски фонд

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и илидското осигурување, почнувајќи од 17 јуни 2024 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 17 септември 2024 година.

Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство, а доколку членовите до 17 септември 2024 година не достават изјава, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ).

Членовите кои нема да дадат изјава за продолжување на членство остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.

Истовремено, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува јавностa дека лицата кои во претходните години доставиле Изјава за продолжување на членство, членството им е продолжено и нема потреба повторно а ја достават истата Изјава.

Повеќе информации за бенифициран стаж и изјавата за продолжување на членство во задолжителен пензиски фонд на следните линкови:

Бенифициран стаж

https://mapas.mk/wp-content/uploads/2021/06/izjava-za-prodolzhuvane-na-chlenstvo-za-licza-so-ben.-stazh.docx