Живот 23.01.2021 16:43

Марија Шерифовиќ се ишиша- сега има „машка“ фризура (ФОТО)

Марија Шерифовиќ се ишиша- сега има „машка“ фризура (ФОТО)

Пејачката Марија Шерифовиќ се пофали со новиот имиџ. Таа објави дека се ишишала и дека ги нема повеќе локните по кои беше препознатлива.

Таа е позната по тоа што негува свој специфичен стил и дека оддолева на трендовите кои повеќето девојки ги преферираат.

За потсетување, Марија неодамна одговараше на прашањата на фановите и кажа дека за десет години се гледа себе си омажена и со деца.

„За десет години ќе имам 46. За почеток се надевам дека тогаш нема да бидам јутјубер. Тоа е број еден и дека короната ќе се реши. Да се вратат концертите, работата, редот и дисциплината. Можеби и некоја детска насмевка или плач од гостинската соба“, изјавила Марија пред фановите.