Сопственикот на Facebook Марк Цукерберг кој“тежи“ 81,6 милијарди долари се искачи на третото место на листата на најбогатите поединци на светот, пишува CNN. Ова се случи откако акциите на Facebook пораснаа за нови 2,4% , што претставува скок од цели 15% од почетокот на годината.
За прв пат по подолго време тројцата најбогати луѓе на светот се живи и доаѓаат од светот на технологијата. На прво место е сопственикот на Amazon, Џеф Безос со лично богатство од 141 милијарда долари, а потоа следат основачот на Microsoft Бил Гејтс и првиот човек на Facebook, Марк Цукерберг.