Во тек се пресметките за усогласување на пензионерските месечни примања врз основа на податоците од Дежавниот завод за сатистика, што како раст ќе се прикаже со исплатата на мартовскит пензии. На тоа веќе се работи, потврди министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски.
Пресметките се изведуваат според законски утврдената формула, но информацијата за тоа колкаво ќе биде зголемувањето, посочи техничкиот минстер, ќе биде споделена кога ќе завршат активностите.
И Велковски и претходно заменик министерката Јованка Тренчевска не зборуваат за проценти, како што велат, за да се избегнат шпекулациите на оваа тема. Извесно е дека околу 335 илјади пензионери во април ќе добијат повисоки износи на своите сметки.
Методологијата за усогласување на пензиите со по 50 проценти од трошоците на живот и со движењето на просечната плата се применува од 2022, а корекции се прават двапати годишно – во март и септември, кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци. Овој пристап, според влста, досега ги зголемил пензиите за 24 насто.
Пензионерските протести кои ја обележаа минатата година засега како да се во мирување, а дел од пензионерите, со пензии до 19 илјади денари, ја користат петмесечната државна помош обезбедена со последниот пакет антикризни мерки.
()