Актуелно 21.08.2019 21:50

Мебелот бил подарок од Боки 13, земен на вересија: Јанева добила и бунда која чини многу повеќе од 5.000 евра

Мебелот бил подарок од Боки 13, земен на вересија: Јанева добила и бунда која чини многу повеќе од 5.000 евра

Обвинителството треба да утврди каде завршиле 1,5 милиони евра од рекетот. Мебелот кој и бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, наводно не бил ни платен во салонот од каде што бил набавен, анализира ДојчеВеле.

Фрапантно одекна информацијата што ја соопшти државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, дека Обвинителството поседува докази дека од парите стекнати во кривичното дело Јанева добила на подарок предмети и мебел во вредност од 298.000 денари или околу 5 илјади евра.

Но, тоа е она што е досега потврдено, а допрва треба да се открие каде завршиле 1,5 милиони евра и кој го делел тој колач.

-Според извори од истрагата, споменатиот мебел и бил подарен на Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, но наводно не бил платен во салонот од каде што бил набавен. По интервенции од продажниот салон, лице од 1ТВ донело одредена сума во евра како гаранција дека мебелот наскоро ќе биде платен, а по плаќањето гаранцијата во евра да им биде вратена.  Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добила од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел, анализира ДојчеВеле.