Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.
Во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ нотира дека синдикалната кошничка е намалена за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение. Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари.
-Сидината минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година. Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните, објавиа од партијата.
Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена. Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро, потенцираше во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.