Актуелно 15.11.2018 10:45

Мермерен Комбинат АД Прилеп оствари висока добивка за периодот јануари-септември 2018

Мермерен Комбинат АД Прилеп оствари висока добивка за периодот јануари-септември 2018

Мермерен Комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 30 септември 2018 оствари приходи од продажба во износ од 1,884,194 илјади Денари што претставува зголемување за 50% споредено со истиот период изминатата година.

Остварена е оперативна добивка за периодот во износ од 1,246,311 споредено со остварената оперативна добивка во истиот период во 2017 година во износ од 631,328 илјади Денари.

Крајниот резултат по оданочување за третиот квартал 2018 година е позитивен и изнесува 1,131,762 илјади Денари, наспроти остварена добивка за истиот период минатата година од 544,530 илјади Денари.

Оперативните расходи изнесуваат 631,720 илјади Денари и се повисоки за 5.99% во однос на истиот период минатата година. Зголемени се трошоците за материјали и суровини согласно зголемениот обем на производство и продажба. Исто така се зголемени и расходите за вработените и надворешни услуги. Трошоците за амортизација изнесуваат 107,891 илјади Денари и тие се повисоки за 0.23% во однос на ланската година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.