Актуелно 16.04.2019 10:29

Метла за административците по изборите. Второ ЕСМ од 2002 ја очекува Македонија

Метла за административците по изборите. Второ ЕСМ од 2002 ја очекува Македонија

По синоќешната изјава на премиерот Зоран Заев во Клик плус на ТВ 21 каде обелодени дека по изборите ќе ја реформираат јавната администрација, осамна утро со мрак во државните институции.
– Да намерата ни е да ја намалиме јавната администрација и се прават анализи тоа е дел од реформите, вели Заев. Генерално сакаме да ја намалиме, притоа што преку пат на понуди на вработените во јавната администрација ќе им се понуди алтернативна, рече Заев.

Ова беше очекувана изјава на премиерот Зоран Заев. Вчера, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски зборувајќи за реформите кои и престојат на државата спомена дека отворена е можноста државните службеници да мигрираат во приватни компании.

– Секојдневно одам на работа во страв и стрес дека може да го изгубам работното место. Истото го гледам и во очите на моите колеги. Ништо не е исто како порано. Ова е неиздржливо. Одите на работа и го чекате денот во кој главата ќе ви летне. Вработена сум од 2006 година од страна на претходната Влада и чесно си го заработувам лебот. Обичен граѓанин сум и заслужувам да работам, вели 37 годишна вработена од Скопје

– За прв пат сум вработена во 2007. Работев деноноќно на клучни проекти во министерството во време на претходната Влада. Ме жигосаа политички, па сега не добивам никакви работни задачи. Дури ни колегите не разговаараат со мене само затоа што се плашат од раководството. Како да сакаат намерно да ме прогласат за суфицит на кадар и да ме избркаат. Самохрана мајка сум на малолетно дете. Незнам кој пат да го фатам, нека бркаат по принципот кој последен дошол, прв да си оди – изјавува 40 годишна вработена.

– Не верувавме дека до ова може да дојде. Искрено и ние административците сме гласачко тело. Јас ги гласав, за промена, за реформи, а доживеав шок по изјавите на премиерот. Имам две ќерки студентки, и сега да одам на работа со страв само затоа што не сум омилен кај менаџментот ги поминува сите човечки граници- вели 48 маж во едно од министерствата.

Ова се потресните сведочења на вработени во јавната администрација кои ја имаат дадено довербата на новата Влада. Граѓаните се соочуваат со шок и неверување дека ова може да им се случи. Владејачката гарнитура ветуваше дека ниту еден нема да остане на улица. Наспроти ова, во изминатите две години голем број огласи беа објавувани, а медиумите пишуваа дека се вработуваат партиски војници , а беа обелоденети и сомнителни вработувања на блиски луѓе на функционерите од власта.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ со имиња и презимиња јавно зборува за непотизмот во владеачката партија.

Инаку, пред многу години во снимен разговор, Заев како претседател на тогашната најголема опозициска партија изјавуваше дека ,,Живи луѓе ќе јадеме,, . Се правдаше дека бил изваден од контекст, но сега од оваа перспектива се потврдува веродостојноста во изјавите, велат анкетираните вработени.
Инаку, во 2002-та година, од ЕСМ за само еден ден беа избркани преку 1.100 вработени, а во 2006- та, СДСМ беше казнет и ги изгуби парламентарните избори.

 

Извор: Видипрв.инфо