Актуелно 09.10.2019 15:05

Мицкоски: Ако некој дава амнестија на криминалот тоа е власта

Мицкоски: Ако некој дава амнестија на криминалот тоа е власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски вечерва гостуваше на „24 Отворено“ и посочи дека граѓаните гледаат како власта го амнестира криминалот и ги премолчува големите скандали што ја тресат Република Македонија.

Власта на оној нелегален и криминален начин преку оној допис на притвореничката Јанева од затвор некако насила ги префрлија предметите во рамките на ЈО, без никаков закон, без никаков нотар да го потврди автентичноста на потписот на притвореничката Јанева. Без судија да го одобри текстот итн. И ќе ве потсетам г. Јовевски определен период пред да засноваат редовен работен однос овие обвинители враќајќи се во матичните обвинителства им додели овластувања да ги застапуваат предметите пред суд, потсети Мицкоски.

Мицкоски истакна дека според ова ако некој дава амнестија тоа е ова насилничка постапка која што ја спроведе Јовевски по налог претпоставувајќи од Заев.

Таа одлука стигна после онаа средба која што беше фотографирана и таа фотографија циркулираше во јавноста. Каде што добива консултации односно совети од еден од адвокатите на премиерот на државата. И веднаш потоа се случи она писмо, додаде Мицкоски.