Актуелно 27.10.2020 12:00

Мицкоски апелира: Хронично болните да се ослободат од работа

Мицкоски апелира: Хронично болните да се ослободат од работа

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.

Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!, вели Мицкоски.