Бараме од Заев интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, да го исполни она што го ветуваше во 2016 година!, пишува на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Денеска во Собранието на Република Македонија се оддржа јавна расправа во врска со состојбата со откупот на грозјето, по иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Бараме од Заев интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, да го исполни она што го ветуваше во 2016 година!
Потпретседателот Александар Николоски, и нашиот колектив, во кампањата зборуваа дека зелената мафија царува во Македонија и ја јаде маката на македонските земјоделци!
Тогаш беше тешко и тажно да се гледа како се откупува еден килограм краставици за пет денари.
Овие денови, уште потешко и потажно е да се гледа како се откупува еден килограм грозје за еден ипол или два денари!, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во својата објава.