Актуелно 16.04.2019 11:03

Мицкоски до администрацијата: Не дозволувајте да бидете застрашувани, не потклекнувајте на уцените и заканите кои знам дека ги имате

Мицкоски до администрацијата: Не дозволувајте да бидете застрашувани, не потклекнувајте на уцените и заканите кои знам дека ги имате

Се обраќам до вработените во јавната администрација, која оваа власт неоправдано ја запоставува, игнорира, истовремено ја притиска и се однесува нетолерантно. Сите вие вработени сте со име и презиме и имате свое достоинство, чест и углед, не дозволувајте да бидете застрашувани, не потклекнувајте на уцените и заканите кои знам дека ги имате.  Бидете храбри, излезете и гласајте во своја волја, зад параванот сте сами и ниту една уцена, нека не ја смени вашата одлука да одберете правда за Македонија! Напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.