Актуелно 06.07.2020 22:28

Мицкоски до Заев: Еве ја ставивте раката на срцето и ја спомнавте жицата, значи со сигуност не ја говорите вистината

Мицкоски до Заев: Еве ја ставивте раката на срцето и ја спомнавте жицата, значи со сигуност не ја говорите вистината

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека Заев ја ставил раката на срцето и ја спомнал жицата со што со сигурност не ја говори вистината.

Зоран Заев кажа дека сме добиле одлука за почеток на преговорите, стратешката цел на државата е исполнета.

Европската комисија усвои рамка, Европската комисија е со целиот свој легитимитет, интегритет и кредибилитет од земјите членки на европската унија во која што фала богу за прв пат напиша македонски јазик во ваше време пишуваше службениот јазик на државата, пишуваше за граѓаните кои што живеат во таа држава сега пишува македонци, македонски јазик тоа е голем успех тоа е македонската жица – рече Заев.

Мицкоски на ова му реплицираше со зборовите: ви фали уште раката на срце.

-Немојте со жицата ви фали уште раката на срце. Еве ја ставивте раката на срцето и ја спомневте жицата, значи со сигурност не ја говорите вистината-заклучи Мицкоски.