Актуелно 12.07.2019 13:36

Мицкоски до Заев: Откако ќе го решам најголемиот проблем, ќе ги решаваме и сите останати

Мицкоски до Заев: Откако ќе го решам најголемиот проблем, ќе ги решаваме и сите останати

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи откако премиерот Зоран Заев го прозва и истакна дека Мицкоски нема храброст да решава проблеми.

-Гледам дека господинот Заев потрупан со скандали, афери, криминал и корупција повторно се занимава со опозицијата, измислува теми, пушта спотери да отргне внимание, ме прозива. А јас би му порачал дека откако заедно со народот, ќе го решам најголемиот проблем на избори, а тоа е токму тој, веднаш потоа ќе се зафатиме со решавање на сите преостанати проблеми кои тој и неговата неспособна влада ги предизвикаа и не ги решаваат, пишува Мицкоски на Фејсбук.