Актуелно 30.06.2020 19:05

Мицкоски до Заев: Сигурен ли сте дека не го познавате Димишков кој бара рекет од 6 милиони евра?

Мицкоски до Заев: Сигурен ли сте дека не го познавате Димишков кој бара рекет од 6 милиони евра?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на телевизија 24, го праша претседателот на СДСМ Зоран Заев дали ја познава судијката Димишкова и нејзиниот брат адвокатот Димишков кој што цела јавност го слушна како бара 6 милиони евра рекет.

Дали знае која е сестра на оној адвокатот кој бараше 6 милиони евра?! – Судијката Димишкова! И дали го познава господинот Димишков, го праша Мицкоски Заев.

На ова претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговори дека не ги познава, по што Мицкоски кажа да не излезе дека Заев го познавал и дека и се среќавал со него, вели Мицкоски.