Актуелно 26.03.2019 21:20

Мицкоски до Заев: Со неоткажувањето од ваквото СЈО ја загрозувате европската иднина на Македонија

Мицкоски до Заев: Со неоткажувањето од ваквото СЈО ја загрозувате европската иднина на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната ТВ дебата му посочи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека со неоткажувањето од СЈО вакво какво што е, тој ја загрозува европската иднина на Македонија.

Мицкоски потенцираше дека Заев не е подготвен да ги прифати амандманите затоа што сака СЈО да продолжи да го користи како за притисок врз политичките неистомисленици. Тој го  запраша Заев дали  со одбивањето на амандманите е спремен да ја сноси одговорноста за загрозување на европската иднина на земјава.

– Дали вие откако ќе ги видите нашите амандмани нема да ги прифатите и на тој начин ќе сносите целосна одговорност ако овој закон за јавното обвинителство биде услов за Македонија отпочне преговори со Европската Унија, запраша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека партијата достави амандмани, а Заев и Дескоска треба да ги разгледаат  и прифатат  и така законот заеднички да се изгласа во  Парламентот  и на тој начин оваа пречка да биде отстранета.