Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил објави дека Република Македонија ќе победи на претстојните претседателски избори, а со тоа ќе му се стави крај на целокупниот Заевизам.
-Енергијата е огромна, победата е извесна на 21-ви април, а потоа потврда на истата на 5-ти мај. Ќе биде една огромна победа за Македонија и прв чекор кон практично демонтирање на целокупниот оној Заевизам кој што изминатиот период се инсталираше и се монтираше во Република Македонија, стои во неговиот пост на Фејбсук.