Актуелно 23.12.2019 14:23

Мицкоски: Голем дел од погрешните политики на Заев ќе бидат санирани од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Голем дел од погрешните политики на Заев ќе бидат санирани од страна на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за интервју на радио „Македонски корени“ од Сиднеј посочи дека едно е сигурно, а тоа е дека на 12-ти април ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува голема победа.

-По победата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе формира влада со која што ќе се обидат да ги санираат погрешните политики кои ги наметна и донесе Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ победува на 12-ти април и тоа е единствено што е јасно и тука нема никакви дилеми. Македонија поминала многу премрежја во нејзиното минато, во нејзината историја, ќе го помине и Зоран Заев. А, тој ќе заврши многу брзо на темната страна на заборавот, како да не се случи. Но, за жал и самите констатиравте дека ќе остави голем број последици по македонското општество, и по граѓаните, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план, има визија и знае како да се справи со сите предизвици.

-Јас сум убеден дека голем дел од овие погрешни политики ќе бидат санирани од страна на новата влада, нагласи Мицкоски.