Актуелно 09.11.2018 19:50

Мицкоски: Груевски е жртва на политички прогон

Мицкоски: Груевски е жртва на политички прогон

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека почесниот претседател на партијата и екс премиер Никола Груевски е жртва на политички прогон од страна на актуелната власт. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги спомена и обвинувањата на СДСМ за наводно украдени милијарди, а напомена дека сега Груевски е осуден поради стекнување нематеријална добивка, односно бидејќи неколку кратно се возел во возилото кое е предмет на судски процес.

-Самиот чин е преседан  во судството и уште еднаш се потврдува тезата на ВМРО-ДПМНЕ, но и на јавноста во Република Македонија дека имаме апсолутно целосно партизирано судство кое што е под стегите на Владата и дека Никола Груевски во случајот е апсолутно жртва на политички прогон и хајка која што се води против него. Бидејќи во минатото од страна на СДСМ кога тие беа опозиција во многу наврати сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од државата, а денеска Никола Груевски, Кривичниот совет ја одбива неговата жалба за дело за кое што е осуден поради стекнување нематеријална добивка како што е возењето неколку кратно во возилото кое што е предмет на тој судски процес.