Економија 05.05.2019 18:47

Мицкоски: Излезете и гласајте, да им кажеме дека народот управува со Македонија!

Мицкоски: Излезете и гласајте, да им кажеме дека народот управува со Македонија!

Во последните минути од гласањето сакам да истакнам неколку работи. Колку тие удираат и притискаат ниско, ние ќе ги победиме повисоко. Сега е моментот кога треба да се биде гласен, да се има став и да се казнат оние кои потценуваат, се препелкаат, притискаат и манипулираат. Тие мислат дека управуваат со животите, да им кажеме дека народот управува со државата. Излезете и гласајте за Македонија, за татковината, за вас, вашите најмили, за заедничката иднина.

Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Вие сте сами позади параванот, господар на вашиот глас. Не ја пропуштајте оваа можност да кажете што мислите. Гласајте со чест, која сакаат да ни ја земаат, со достоинство кое пробаа да ни го нарушат, со пркост кој сакаат да ни го стишат. Сега и требате на нашата земја, и требате на Македонија. Не делат милиметри од победа, заеднички да ги изодиме. И по години од сега со гордост заеднички да се потсетуваме, 5 мај беше денот кога народот и го зададе најголемиот удар на власта, и се избори за правда. За Македонија!, додава Мицкоски.