Актуелно 29.04.2019 13:28

Мицкоски: Ќе понудиме решенија за секој проблем на граѓаните, ќе ја смениме сликата за политичарите кои го разочараа народот

Мицкоски: Ќе понудиме решенија за секој проблем на граѓаните, ќе ја смениме сликата за политичарите кои го разочараа народот

Митинзите се поради краткиот временски период на кампања, инаку најдобриот начин на кампања е разговор со граѓаните. Меѓудругото оваа кампања дел од времето одев и од врата на врата во посета на домаќинствата. Тоа го правев во Охрид, и во Ново Село, и тоа ќе продолжам да го правам и понатаму неависно од можните државни функции во иднина, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Пресс24.

-Луѓето секогаш ќе може да допрат до мене. Јас бев присутен на терен и во периодот пред кампањата, така да овој период ми дојде како продолжеток на активностите кои ги имав претходно. Ние оваа кампања сепак ја поминавме во рамките на нашите можности, платно кое е донација и скромни бини. Но главно нешто е што имате да му порачате на народот, вели тој.

Press24: Што за вас преставуваат овие избори, која е целта која си ја зададовте?

-Овие избори не се само претседателски, туку на овие избори навистина се одбира правецот во кој ќе се движи нашата земја. Сметам дека имаме обврска да ја смениме повеќедецениската слика за политичарите во Македонија кои во голема мера го разочараа народот и го ставија во апатија. И ова за мене не е само битка за Претседател, туку битка за принципи и вредности кои се загубија во политиката и дека можен е морал и вредности и дека вреди да се бориме за нив. Ова е битка е на секој еден кој е обесправен, кој почувствувал на своите плеќи неправда кока знае да боли и пече, кој го гуши системот и разочарува реалноста. Големиот број на граѓани кои не излегоа на изборите не е само тоа дека не сакаат избори, туку луѓето станаа апатични поради реалноста која ни се случува. А погледнете што се само се случи изминатите неколку години, политичка криза, промена на име, идентитет, криминални скандали, непотизми, убиства, амнестија на криминалци, неправди. И токму оние кои го донесоа ова сакаат граѓаните да станат идниферентни, за да им помине се полесно. Ова е битка на мојата генерација, на оваа генерација млади луѓе кои сакаат да сменат нешто. Ова е битка на душата и разумот, за држава која сакаме да ја стабилизираме вредносно и системски. Правда е потребна зошто има неправда и таа се чуствува од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Куманово, низ целата земја. Нема правда без одговорност, а одговорноста мора да дојде, без оглед за кого се работи, вели Мицкоски.

Press24: Очекувате ли предвремени избори?

-Прво очекувам победа на претседателските избори, и потоа предвремени парламентарни избори каде ќе биде поразен Заев и оваа власт, и ќе биде даден легитимитет на новата влада водена од ВМРО-ДПМНЕ. И ние не се бориме за гола власт, туку за власт која ќе носи решенија, во образованието, здравството, социјалата, економијата, ќе го поддржи бизнисот. Ние не застанавме и подолжуваме да работиме на обемна програма која независно кога ќе има избори ќе ни биде готова и ќе ја понудиме на граѓаните. Ветувам решенија за секој еден проблем. Решенија кои директно ќе им помогнат на граѓаните и кои ќе бидат издржани. Сакам да знаат луѓето дека кога нешто ќе ветиме ќе го исполниме и Македонија има надеж, таа надеж нмие ќе ја донесеме. За да се случи тоа треба да победи правдата, вели тој.