Актуелно 26.02.2020 12:44

Мицкоски: Кој одговараше во овие три години? Заев е на прав пат само во една работа, кон Идризово

Мицкоски: Кој одговараше во овие три години? Заев е на прав пат само во една работа, кон Идризово

Правдата е нападната од неправдата, тука сме да ја кажеме вистината дека судската и обвинителската власт е брутално згазена, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот протест против неправдите.

-Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е! Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците. Додека родителите на чедата од Смилковско со грч и горчина во срцата од неправдите живеат со помислата дека убијците се на слобода. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев, истакна Мицкоски.

За сето ова, порача Мицкоски, виновен е Зоран Заев.

-И за ова има неколкумина одговорни, но еден е највиновен, а тоа е Зоран Заев. Зоран Заев е виновен затоа што тој во исто време е премиер, обвинител и судија. Виновен е затоа што е главен рекетар, преговарач, главен забавувач кога се во прашање гафовите, но и трговец со витални органи на нашата Македонија. И едно досега научивме, на човекот не му е тешко да украде, да изглуми, да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, затоа што е нечесен од глава до пети. А и најлесно му е да излаже. Затоа што тоа покрај крадењето тоа го прави најдобро. Аудио материјалот покажува дека тој пука во чело на правдата, ама онака ладнокрвно, со умисла и без каење. Со тој неправилен граматички, но разбирлив јазик слушнавме како ја егзекутира правдата, што би рекол “трас-трас” А правдата умира бавно, споро. Затоа што Заев нема допрено нешто, а да нема контаминирано, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарече Заев правдоубиец во државата.

-И нема мака пред камерите лажно да се прикажува дека бил европски политичар, кој еве гледаме уште железни опинци не облекол, дека градел едно општество за сите, дека е визионер. Човек гледа и не може да се изначуди. Каква визија какви бакрачи. Чувме во аудио материјалот што е реалноста, да цитирам ли: “договорено е со Врховен”, “без Заев не се може”, “трас-трас и ете одлука на Врховен суд”, “Катица знае за се што треба да се случи”, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат. Ете тоа е вистината, посочи Мицкоски.

Истакна дека поминаа повеќе од 48 часа, а нема никаква суштинска реакција ниту од Рускоска, ниту од било кој друг.

-Ако Заев е “капо де тути капи” на мафијата, главните советници и верни заштитници на неговиот криминал се Вилма Рускоска и Љубомир Јовевски. Запомнете ги овие имиња. А гледаме дека ништо помалку не биле ниту Врховните судии. Нивните усти се замолкнати додека ни се уништува државата, додека ги губиме институциите. Овие двајца плус уште неколку врховни судии засилени со уште неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат, се единицата за брза интервенција за спасување на Зоран Заев. Ама ова пустото не се брани. Луј Витон судството е последица на Луј Витон премиерот, мераклија за куферчиња и пари. За пусти пари. Не може луѓе да одат во затвор за кутија цигари, а за кражба на држава да стануваат премиери. Тоа не може и на 12-ти април ќе му го покажеме местото каде му е. И при една ваква поставеност на работите, овој истиот Заев одовде, на маршот кој го правеше им порача на судиите да не се плашеле од Мицковски. Јас би рекол познато ни е дека овој човек не знае што зборува и е непресушен извор на гафови ама замислете судиите да не се плашеле од мене, и ова ги предупредува човеков што е на власт три години и владее брутално, човекот кој викаше дека Младенов бил убиен, а за децата на Смилковско има други убијци и така се додека не ги ослободи. Човекот кој Диво Насеље го спореди со игра камај и ги остава терористите да се гоштеваат по затворите како да се холивудски звезди. Човекот кој слава стекнуваше на страшното убиство на Нешковски за да после да се слика со убиецот и да го пушти да избега. Таков ли монструм ќе објаснува на судот да не се плаши од мене кој цел живот со книга и пот се пробивав. Единствен што треба да се плаши е тој. Зашто многу се огреши. А во животот има карма ние ја викаме Божја промисла. И се се враќа, се се плаќа, порача тој.

Мицкоски праша: Кој одговараше овие три години, по годините кампања кои ги водеше Заев?

-Тортура на државата. Одговорот е ниту еден. Не докажа ниту еден криминал, а премногу криминали се амнестираше. И да бидам прецизен и јасен, и сакам јасно да разбијам една лага која ја шират медиумските слуги на власта, јас сум за апсолутна правда, и сакам јасно да подвлечам, многу јасно да соопштам дека не сме сите исти, многу сме различни. Не сме сите исти, затоа што ниту денес, а ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт. Ниту да попречам правда за било кого, било да е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците или друг. Ама ќе има одговорност, тоа мора да има. И еве тука седам пред вас десетици илјади, а и тие што во домовите, ви ветувам, одговорност за криминалите мора да има. Не сме сите исти, и во зборот што го кажуваме а вреди. Не сме исти во сериозноста издржаноста и идните резултати на проектите, реформите што се ветуваат за разлика од она што Заев го ветуваше и не го направи. Не сме исти и во луѓето кои денес се со нас,а ќе ви докажам дека може не само многу подобро поквалитетно да се работи и повеќе од ова што сега ни го испорачуваат Радмила, Спасовски, Рашкоски, Филипче, Кирацовски и останатата рекетарска дружина, истакна тој.

Порача дека мора да има одговорност затоа што само така ќе имаме држава.

-Тоа убивање на правдата и отсуство на резултати донесе апатија кај народот, и јас таа ја разбирам. Но таа сама по себе не е одговор затоа што така власта која е суштинската причина за таа апатија ако не биде казнета ќе продолжи како досега. Народот на локалните избори го казни ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата, сега на ред е казната да го стигне СДСМ за СДСМ да научи. Со седење дома и апатија нема промени на подобро. Таа апатија ја посакува СДСМ бидејќи таа значи поддршка за нив. Мора да опстои вербата и надежта дека може подобро и да се почувствува оваа енергија која значи промени и значи обнова. Следните избори се нова шанса за нашиот народ да си ја врати државата во свои раце и да покаже дека Македонија може и дека Македонија заслужува повеќе. По следните избори нема да биде ништо исто како што е сега. Ние го ветуваме тоа, а нашиот збор знаете дека вреди многу повеќе од оној на Заев. И ги разбирам дека од власта се нервозни, затоа што народот е кренат на нозе, веќе свесен за тоа што се случува. И со искуство за луѓето кои ни ја водат државата. И нема да поминат никакви дефокусирања со измислени теми. А денес протестираме затоа што неправдата станува неподносливо секојдневие. И затоа што се виде зошто Заев се бореше толку за закон за обвинителство со кој се надева бомбите да не важат. Но ако се премолчи и ова тогаш чуму судство и обвинителство. А обвинитеството и судството не смее повеќе да молчи за убвањето на правдата, порача Мицкоски пред огромниот број на македонски граѓани.