Актуелно 27.05.2020 17:23

Мицкоски: Компромис за изборите треба да се постигне за интересот на народот и државата, но не по цена на здравјето на граѓаните

Мицкоски: Компромис за изборите треба да се постигне за интересот на народот и државата, но не по цена на здравјето на граѓаните

Нашите позиции поврзани со предвремените парламентарни избори ги знае македонската јавност, исто така нашата позиција дека компромис треба да се постигне за интересот на граѓаните, во интересот на државата, но тоа не треба да биде по цена на здравјето на граѓаните. Канал на комуникациија постои и јас не би сакал дополнителни коментари поврзани со тој канал за комуникациија, кој што постои денеска да изнесувам, бидејќи како што реков не сме сите исти и не се занимаваме сите со ваков тип на брифинзи. Доколку има договор и кога ќе има договор, ќе и го соопштиме тоа на  јавноста, но повторно ќе кажам, здравјето на граѓаните треба да биде водилка за сите нас.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Поврзано со лидерската средба, нашиот принцип е јасен дека датата за следните предвремени парламентарни избори треба да биде донесена со консензус на сите политички партии кои што седеа на таа маса, уште при првата лидерска средба која што ја организираше претседателот Пендаровски без разлика што во меѓувреме содржината на масата се измени и дел од кои што беа на таа маса се сега во коалиција. Ние стоиме на тој принцип и не бегаме од тој принцип, исто така стоиме на принципот дека секоја вонредна состојба потребно е да се носи во консултација со политичките партии, иако за време на втората вонредна состојба тој принцип беше напуштен од  страна на владата и претседателот Пендаровски. За втората состојба исто така ние имавме спротивен став бидеќи ако зборуваме за состојба каде што сме ја победиле пандемијата и сме лидери во регионот, тогаш не ја гледавме воопшто причината за прогласување  на трета вонредна состојба. Но очигледно беше јасно, а тоа е да се донесе нова уредба која што треба на Зоран Заев да му послужи да се обиде да ги поткупи граѓаните и нивната поддршка  за следните предвремени парламентарни избори. Тоа нема да му успее, бидејќи граѓаните знаат и нема никогаш да заборават тоа што го правеше ова пандемија наречена СДСМ и Зоран Заев изминативе три години, а и овие дополнителни 1500 евра долг по секое семејство  нема да ги заборават граѓаните, и жестоко ќе го казнат на следните предвремени парламентарни избори кога и да се случат, посочи Мицкоски.

Новинарско прашањеСДСМ вели дека ако нема договор до крајот на вонредната состојба, тие одат на избори на 21 јуни. Имате ли вие став околу тоа како би постапиле?

Мицкоски: Ние сме го кажале нашиот став по тоа прашање, консензус  треба да има. Кога ја носеа уредбата немаше консензус бидејќи нашиот претставник во техничката влада беше воздржан, не ја подржи истата уредба. Доколку они ценат дека така треба да менаџираат со државата тогаш нека им е со среќа изборниот циклус.