Актуелно 19.04.2019 23:46

Мицкоски: Луѓето живеат мачно и тешко, тие сфаќаат дека борбата на СДСМ била за пари и функции

Мицкоски: Луѓето живеат мачно и тешко, тие сфаќаат дека борбата на СДСМ била за пари и функции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа само 1 час пред почетокот на изборниот молк истакна дека во цела Македонија владее една апатија и разочараност од владеењето на СДСМ и Зоран Заев, а граѓаните живеат мачно и тешко.

Тој истакна дека сега сите сфатија дека борбата на СДСМ и Зоран Заев не била за ,,живот’’ туку единствено за пари и функции.

-Зборувам за оние луѓе кои што во периодот кога настапи онаа таканаречена живот програма, сепак се понадеваа, имаа надеж во Зоран Заев дека можеби навистина ќе дојде животот, дека навистина она што го ветуваа таму ќе го исполнат. Денеска еве речиси две години потоа од онаа последната кампања за живот, за време на локалните избори тие сфаќаат дека практично се било за фотелји и за пусти пари. Ништо не било поразлично. Огромен дел од членството на СДСМ ни доаѓаат на митнзи. Еве вчера имавме случај во Кратово во Крива Паланка, ми приоѓаат луѓе итн, сведочат ред мене, ние сме разочарани долгогодишни активисти на СДСМ итн, вели Мицкоски.