Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува позитивна препорака од Европската Комисија.
Вовчерашното интервју за Република, Мицкоски наведува дека иста таква препорака, земјава добива од 2006-та година, освен за време на политичката криза.
-Да, очекувам и ние како опозиција придонесуваме на тој план затоа што тоа е од државен интерес. Македонија се очекува да добие позитивна препорака, какви што доби во минатите години – од 2006 година седум години по ред, и потоа условена препорака поради политичката криза во која влезе државата. Но, исто така, очекувам и конечно да се додели и датум за преговори. Македонија е дел од Европа и наш интерес е што побрзо да бидеме дел од Европското семејство, во заедницата на рамноправни држави каде најдобро ќе се бориме за нашите државни и национални цели, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.