Актуелно 10.09.2019 19:19

Мицкоски: На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт

Мицкоски: На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт

Стотици семејства си заминуваат од Македонија, што направи Зоран Заев за овие три години за да задржи барем еден човек ? Стотици огништа ќе има помалку, затоа што овие луѓе немаат ниту една причина повеќе да седат во сопствената татковина. Поразителна и болна е оваа реалност каде што нема ниту еден сегмент каде што блескаме, му се збогтиса на народот од разно-разни Заевци, Вицевци, Анѓушевци. На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт!, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.