Актуелно 27.02.2020 20:29

Мицкоски на средба со Македонско Германската Комора – за да имаме успешна економија, мора реформирано, а не Луј Витон правосудство

Мицкоски на средба со Македонско Германската Комора – за да имаме успешна економија, мора реформирано, а не Луј Витон правосудство

По денешната средба со Македонско-Германската Комора, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања. Мицкоски говореше на повеќе теми, а даде осврт и на сегменти од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение неговите одговори:

Прашање: Господине Мицкоски еве во оваа смисла што спомена домаќинот од Германија, очекува стабилна економија на партијата која и да дојде на власт, што Вие ќе направите во оваа смисла?

Одговор: Ние веќе имавме неколку состаноци со Стопанските комори во Македонија, со Стопанската комора на Македонија, со Сојузот на стопанските комори, пред некој ден имавме со Македонско-Турската стопанска комора, со МАСИТ, еве денеска сме со Македонско-Германската стопанска комора, и она кое што секаде го рефлектираме како позиција на ВМРО-ДПМНЕ е дека од суштинско значење ќе биде како идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведи и имплементира сет од мерки и политики кои што ќе значат практично партнерство и поттикнување на економскиот раст на државата. Тоа ќе биде суштински приоритет и приоритет на кој што ќе се темелат идните политики. Се разбира за да имаме успешна економија во Македонија, ние мораме да имаме успешно реформирано правосудство, а не вакво правосудство кое што од Сваровски прерасна во Луј Витон правосудство, за да можат инвеститорите, без разлика дали доаѓаат од надвор од Македонија или се домашни инвеститори да можат да се чувствуваат сигурни во сопствените инвестиции. Како трет , но не помалку важен столб се разбира она што цело време го повторуваме а тоа е вложување и само вложување во образованието и во кадарот, односно во човечкиот потенцијал кој што потоа ние како држава ќе го понудиме реалниот сектор односно на бизнис заедницата, ќе повторам без разлика дали е надвор од Македонија или е внатре во Македонија. Како што можевте да слушните и почитуваните инвеститори од Сојузна Република Германија се соочуваат со еден таков феномен односно јас би рекол апокалиптично сценарио каде што навистина високообразован и помалку образован квалификуван кадар ја напушта Македонија и со тоа практично тие остануваат без реална поддршка, која што нив ќе им овозможи раст на бизнисот, а ние како држава и како влада остануваме со помалку платени даноци, кои што потоа би можеле да ги инвестираме во другите сектори, меѓу кои како што кажа и домаќинот здравствениот сектор кој што ни се наоѓа на едно катастрофално ниво. Гледаме само како растат хациендите на министрите и плантажите со марихуана на премиерот и на неговото семејство, наместо да се зголемува бројот на реновирани операциони сали, реновирање на поликлиники, реновирани клиники, или изградба на нови болници. Еден податок само ќе ви кажам а тоа е дека повеќе од 5.000 доктори и медицински персонал последниве 5 години ја напуштиле Македонија. Ете тоа е политиката која што ние треба веднаш да ја спречиме и со нови политики и со нови мерки тие луѓе си ги вратиме назад. Најголемиот дел од тие луѓе заминаа во Сојузна Република Германија, а после тоа што ќе се случуваа на 1 март оваа година очекуваме да имаме дополнителен одлив на медицински персонал и медицински кадар,  дали е  приватно, секундарно или терцијално здравство небитно, да ја напушти Македонија и да мигрира таму.

Тоа се оние суштински работи коишто за жал остануваат недоречени и нерешени изминативе дваесет и девет години, некако се се ставало под тепих, но еве дојде денот кога тепихов се набабри и е пред експлозија. Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ мора да го залечи ова се, за да може потоа така залечено да го реши.

Прашање: Ваш коментар за најновата коалиција СДСМ –БЕСА ?

Одговор: Среќно нека им е.

Прашање: Како напредува предизборното коалицирање предводено од ВМРО-ДПМНЕ?

Одговор: Разговараме и преговараме со политичките парти коишто се заинтересирани да бидат дел од коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на следната недела ќе излеземе со повеќе детали, политичките парти коишто до сега беа во Коалицијата за Обнова на Македонија остануваат, има нови политички субјекти коишто преговараат со нас, нашите позиции се јасни и принципиелни, од тие позиции отстапување нема. Така што го слушнавме ставот, барањата коишто се од различни политички субјекти коишто преговараат со нас, ние нашите позиции ги презентиравме така да отприлика на тоа се сведуваат дискусиите.

Прашање: Ќе има ли некој од политичките партии на Албанците?

Одговор: Во моментов мали се шансите да има таква партија, предизборно, а постизборна рековме да почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Обновата на Македонија со народот, а потоа се разбира доколку на политичка и проектна основа имаме било какво мечирање со било кој политички субјект тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција.

Прашање: Господине Мицкоски пред два дена организиравте протест, дали ќе продолжите со протестите  со оглед на тоа што имаме појава на корона вирус и има апел да нема поголеми собири.

Одговор: Најсреќни би биле исплашените  од СДСМ да го користат корона вирусот како изговор за да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава и тие молеа бога да се случи сето ова за да може еве да не излегува ВМРО-ДПМНЕ со народот и да не протестира за сето она лицемерие кое што денеска е секојдневие во Македонија. Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период благовремено ќе ги презентираме и јавноста ќе биде информирана. Да почекаме, одиме чекор по чекор внимателно за да не се создадат било какви причини од страна на овие исплашените од СДСМ да може тоа да го злоупотребат против народот  и против ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање: Рековте партиите што бараат коалициските или евентуалните?

Одговор: Ќе ми дозволите да не бидам толку транспарентен сепак се тоа наши интерпартиски договори и преговори, кога ќе има официјална коалиција ќе има договор заеднички ќе биде презентирано јавно пред јавноста така дозволете ми  тоа да останат да преговори кои што ги водиме ние со останатите политички субјекти.

Прашање: Се подготвувате ли за утрешниот дуел?

Одговор: дали се подготвувам, имаше една анегдота од мојот живот, кога станав помлад асистент имав прв час по еден предмет и решавав задача, кај нас задачите се малку пообемни, неколку пати се брише таблата и на крај забележав дека резултатот кој што излезе на табла и резултатот кој што е во збирката не е ист. Се загрижив и реков да не нешто сум погрешил. Отидов во канцеларија му се јавив на еден постар поискусен професор му велам оваа задача така ми излезе во табла, а во збирката е поинаку. Ми вели Христијан во збирката е печатна грешка, точно е ти како си ја решил, но тогаш извлеков една поука дека секогаш во животот треба човек да биде подготвен. Така и за утрешниот дуел со господинот Заев му посветувам должно внимание и сериозно му приоѓам.