Актуелно 06.03.2019 18:17

Мицкоски на средба со Тицињски: Главниот проблем во државата е недостатокот на правдата и проблемите со владеење на правото

Мицкоски на средба со Тицињски: Главниот проблем во државата е недостатокот на правдата и проблемите со владеење на правото

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Војциех Тицињски.

На средбата се разговараше за актуелните политички и економски случувања во Република Македонија, како и политичкиот прогон кој го спроведува власта кон политичките неистомисленици.

-Главниот проблем во државата е недостатокот на правдата и проблемите со владеење на правото, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше амбасадорот за политичкиот реваншизам кој го спроведува власта кон политичките противници.

Мицкоски истакна дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО е клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците се согласија дека вистинските реформи и Евроатланската интеграција на Македонија е клучна за стабилноста во регионот, а искуството и помошта од Полска при овие процеси е од огромно значење за државата.