Актуелно 02.05.2019 11:32

Мицкоски: Наместо сидро кое не тоне надоле, ни треба едро кое ќе не движи вистински напред

Мицкоски: Наместо сидро кое не тоне надоле, ни треба едро кое ќе не движи вистински напред

На новинарското прашање на штипската телевизија „Стар“ „На ВМРО-ДПМНЕ иако е опозиција од актуелната власт често му се забележува дека не расчистил со оние кои се под судски процеси и криминално владеење иако нема пресуди за истото, често ви замеруваат што јавно не сте се оградиле?“, Мицкоски вели дека

-Не гледам причина и не гледам суштина во една таква реченица кога денеска имаме премиер на државата две години влада на СДСМ и Зоран Заев. Дел од тие структури за кои вие зборувате се членови на минати влади и истите завршиле со политиката пред четири пет години и не се тука веќе присутни, дел од нив видовте дека во договор со Зоран Заев ја напуштија Македонија, но она кое што денеска е секојдневие во Македонија е Зоран Заев и СДСМ. Ние не можеме да останеме заковани во минатото, самите вие кажавте ВМРО-ДПМНЕ ги отвори вратите за луѓе кои се навистина квалитетни, вели Мицкоски.

Тој додава дека СДСМ ги повикувале да одат напред како сидро, но тие навистина се сидро кое не влече назад, а не напред.

-Се додека тие луѓе се во владата и во локалната самоуправа во Македонија ние како сидро ќе тонеме кон дното, нас ни треба една нова генерација политичари кои ќе бидат едро кое вистински ќе не влече напред, тоа  го нуди ВМРО-ДПМНЕ.