Актуелно 11.09.2019 14:40

Мицкоски направи пресврт, објави дека ги има записниците од „Рекет“: Тука го нема моето име, но има имиња од власта!

Мицкоски направи пресврт, објави дека ги има записниците од „Рекет“: Тука го нема моето име, но има имиња од власта!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес одржа прес-конференција на која говореше за синоќешната лидерска средба и за причините поради кои не е постигнат договор.

На обвинувањата од Заев во врска со случајот „Рекет“, Мицкоски направи тотален пресврт.

Имено, премиерот денес истакна: Јас лично мислам дека предметот „Рекет” води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се“.

Мицкоски на ова одговара:

„Нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но, ќе го предупредам дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите кои се дадени кај обвинителката која што го води предметот Рекет. Но, истовремено и нардебите за вештачење, како и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта“.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе го набљудува развојот на настаните.

-Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста, порача Мицкоски.