Актуелно 11.09.2019 13:48

Мицкоски обелодени зошто вчера не беше постигнат договор: Главна борба на Заев беше да се заштити себеси, фамилијата и луѓето од власта

Мицкоски обелодени зошто вчера не беше постигнат договор: Главна борба на Заев беше да се заштити себеси, фамилијата и луѓето од власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција денес говореше за синоќешната лидерска средба и за причината што не е постигнат договор.

Вели дека СДСМ и нивните мегафони синоќа и од утрово изнеле лаги, како што тој ги нарече, лаги од епски размери.

Мицкоски вели дека станува збор за измислици кои имаат за цел дефокусирање на вниманието од вистинските причини за непостигнување на договор.

-Вчера пред мене беа луѓе кои не сакаат владеење на правото, не сакаат правда и бегаат од соочување со законите затоа што нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство кое вчера беше предмет на разговори. Сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупција и криминал. Но, да го оставиме ова на страна. Ние сме сериозни и темелни и сакаме да ја информираме јавноста за вистинското однесување во текот на вчерашниот ден, истакна Мицкоски.

Тој пред јавноста зборуваше за вчерашните случувања.

-Вистина е дека вчера главната борба на Зоран Заев беше да се заштити Зоран Заев, фамилијата и луѓето од власта за одговорност од криминалиите со кои тој и неговите луѓе управуваат. До доцна во ноќта имавме слика на еден очајник, потопен во криминал, кој се препотуваше, се грчеше и црвенееше, а веднаш потоа беше блед како крпа само за да задржи било каква контрола врз обвинителството. Да може тој да контролира и управува, да наредува, затвора и заташкува случаи. Таа контола му треба за да не одговара за Рекет, а богами и за рекет 2, рекет 3, рекет 4 и сите останати случаи, како тендериоте на Рашкоски. Водеше битка за бегање на одговорност своја, на својата фамилија и соработниците. Да не се стигне ниту до Кирацовски, ниту до Ременски и сите опфатени со сомнежи за силна криминализираност. Ете затоа нема договор, Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови, порача Мицкоски.