Економија 07.10.2019 14:46

Мицкоски од Ресен: Наскоро доаѓа обнова на Македонија и доаѓаат подобри времиња

Мицкоски од Ресен: Наскоро доаѓа обнова на Македонија и доаѓаат подобри времиња

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку свој статус на Фејсбук објави дека наскоро доаѓа обнова на Македонија и дека доаѓаат подобри времиња.

-Разговорите за Обнова на Македонија се извонредна можност да се запознаам изборно со проблемите со кои се соочуваат граѓаните, да ги ислушам, да ги советувам, да ја споделам тагата и немирот кои ги чувствуваат за да станат нивните маки и немири помали, и да добијам дополнителна сила за да работам на решенијата. Луѓето ги кажуваат проблемите искрено, без заобиколување се запознавам со маките и потиштувањата кои ги трпи мојот народ, народ кој е голем и кој покрај сите неправди и неволји кои им ги создава оваа ненародна и криминална влада, има енергија да се бори за своите правдини. Гледајќи во нивните очи се обврзувам дека ќе го вложам секој атом од мојата сила за да создадам подобра иднина за луѓето на Македонија. На проблемите кои граѓаните ги истакнуваат им пристапувам одговорно и посветено и веќе со моите соработници, со тимот за Обнова на Македонија изготвивме нацрт сценарија за надминување на проблемите. Благодарам Ресен за поддршката која ја добив при посетата на вашиот град.
Заевизмот паѓа, Обновата доаѓа!
Доаѓаат подобри времиња!
#ОбноваНаМакедонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.