Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Сител истакна дека за него нема дилема дека во овој случај виновници се двајцата осомничени кои што се извршителите.
Тој вели исто така дека нема ни дилема за Катица Јанева и смета дека таа е инволвирана во овој случај поради сопствената лукративност.
-Јавноста треба многу поконретно да се занимава со сведочење на бизнисмени во нашето општество кои што биле жртви на Кики и Фрики, а Бога ми и на координаторот на случајот, а тоа е Зоки Поки, вели Мицкоски.
Мицкоски исто така истакна дека по разговорите кои што тој ги водел со голем број на луѓе кои што се жртви на рекетот,тоа е навистина сериозно, упатени се до обвинителството да ги приложат своите докази, бидејќи треба да се каже вистината и да се биде одлучен во борбата против криминалот и корупцијата.