Актуелно 22.01.2019 16:32

Мицкоски оствари средба со помошник на генералниот секретар на НАТО, Фрејтаг вон Лоринговен

Мицкоски оствари средба со помошник на генералниот секретар на НАТО, Фрејтаг вон Лоринговен

Претседателот Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски се сретна со помошник на генералниот секретар на НАТО, Арндт Фрејтаг вон Лоринговен.

Претседателот Мицкоски уште еднаш ја потенцираше важноста за членството на Република Македонија во НАТО Алијансата, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто го поддржува приклучувањето на државата кон Алијансата и ЕУ, како и важноста на истото од стратешки план за Република Македонија и целиот регион.

На средбата исто така се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, при што Претседателот Мицкоски изрази загриженост за загрозувањето и невладеењето на правото и правната држава од страна на актуелната власт, каде што власта на најгруб начин преку уцени, закани и притисоци се пресметува со своите неистомисленици, информираат од партијата.

Соговорниците се согласија дека членството на Република Македонија во НАТО е неопходно, на што Претседателот Мицкоски истакна дека оваа Влада нема капацитет и е неспособна да ги води реформските процеси во државата, кои треба да донесат подобар и поквалитетен живот за граѓаните.